Книжарницата на тркала е сосема нов и иновативен концепт, кој ги подигна на друго ниво достапноста на книгите и културата на купување книги.
Новата, подвижна книжарница на „Антолог“ официјално започна со работа на 17 март 2021 година на Плоштадот Македонија во Скопје, а оттогаш ја менува својата локација низ целата држава, доближувајќи ги сите најактуелни наслови и автори дури и на најнеочекуваните места.
Одамна размислувавме за можноста што повеќе да ги доближиме книгите до нашите читатели што секојдневно нè следат и нè поддржуваат, особено во оние места каде што за жал бројот на книжарниците и достапноста на книгите се на многу ниско ниво. Оваа нова и иновативна книжарница на тркала е следната приказна што ја испишуваме и на која сме особено горди. Атрактивната книжарница веќе патува низ целата земја за да биде што поблиску до книгољупците, задржувајќи го сепак оригиналниот уметнички концепт по кој како бренд сме препознатливи. Покрај богатиот асортиман на домашна и преводна литература за сите возрасти, идејата е и да прерасне во атракција што ќе обединува книжевни настани, промоции, средби и гостувања на автори.
Бидејќи во животот секој ред е важен – со храбри нови зборови, да создаваме прекрасни нови светови!
ЗБОРЧЕ ПАТУВА И ГО ОЧЕКУВАМЕ ВО КАВАДАРЦИ Патувачката книжарница и Зборче не запираат. Следната дестинација им е Кавадарци. В петок, 16 април, од 10 до 18 часот Зборче ќе ве чека на Градскиот плоштад во Кавадарци.Кавадарчани и сите книгољубци од овој крај, повелете на добра книга.