МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

КАВАДАРЦИ Е ВИСОКО ТРАНСПАРЕНТНА ОПШТИНА ОД КОЈА СТАРТУВА ПРОЦЕСОТ НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ПРАВОСУДНИТЕ ОРГАНИ

Денеска во работна посета на Кавадарци беше Љупчо Николовски -Заменик на Претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси.

Тој прво го посети основниот суд во Кавадарци а подоцна на прес конференцијата за печатот истакна дека токму од Кавадарци стартува процесот на дигитализација на правосудните органи во државата. Потоа вицепремиерот имаше работна средба со градоначалникот Митко Јанчев. На прес конференцијата Јанчев истакна дека општината транспарентно ке ги следи сите чекори и сугестии од владата а вицепремиерот истакна дека Кавадарци спаѓа меѓу високо транспаренти општини кои веке почнаа да ја креираат локалната анти-корупциска програма

М.В.

1118