Кавадарчанката Надица Илова која долги години е еден од најбараните модели во Македонија се најде помеѓу десетте најубави девојки на изборот Miss Lady Universe кој изминатите денови се оддржа во Софија, Република Бугарија.
„На изборот кој се оддржа во хотел „Маринела“ во Софија настапив по препорака на националниот директор и сопственик на лиценцата за изборот на Miss Lady Universe, Роберт Граматиков. Конкуренцијата навистина беше фантастична, 40 преубави девојки од целиот свет, а целата организација беше на највисоко ниво“ - вели меѓу другото Илова која од Софија се врати полна со позитивни импресии.
На изборот на кој Илова ја доби наградата од еден од спонзорите, компанијата „Пелистерка“, носеше креации на „Нана“, а во делот на презентацијата на својата култура, се појави и во современа варијанта на македонска традиционална облека.