МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Градоначалникот на Општина Кавадарци денска направи увид во градежните работи кои беа изведени во Винскиот музеј во Градскиот парк.

Задоволен од завршенито Јанчев не го криеше задоволството од остварувањето на неговата иницијатива уште за време на изборната кампања пред 3,5 години,овој објект од класична кафеана да биде претворен во Mузеј на виното,убаво и пред се репрезентативно катче кое Кавадарци како вински крај досега го немало.Со Музејот се ствара на винската култура кај нас и пошироко.За тоа зборува фактот што досега винскиот музеј во Кавадарци го посетиле околу 2.000 граѓани што е импозантна бројка за краток переиод од од неколку месеци.

Директорката Весела Честоева информира за зголемување на поставките во музејот, а ја најави соработката со СОЗШУ„Ѓорче Петров“, како и можноста да бидат збогатувани содржините на самиот музеј.

м.д.