Во Кавадарци денеска сончев декемвриски ден.Студено но на сонце пријатно топло.Минималната температура синоќа изнесуваше -5 степени а напладне достигна 6 степени над нулата.
Во градот раздвижено,а на Градскиот плоштад пензионерите беа главнииот декор на пазарниот ден.Освен нив на централниот дел на градот ги забележавме и задолжените од ЛС и работници на фирмата која е определена за новогодишно украсување на Градскиот плоштад и централните улици.Сеуште немаме претстава како ке биде ,,дотеран,, градот за Нова година, но сугурно е дека ке биде поразлично од лани, со нови украси и повеке светло.Ке видиме како тоа изгледа навечер!?