МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Реконструраната нова сцена и помошни простории ги разгледа министерката за култура

Продолжува Кавадречката културна есен.Синоќа на едно место ги собра експерименталните цртежи од Македонија.Ги видовме новите трагања во ликовната уметност на кај нас. Изложбата и е насловена како “Експериментален цртеж 2016“ а со свои дела ја прават членови на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Тони Чатловски- претседател на ДЛУМ рече дека Министерствиото за култура е покровител на ова изложба , која за прв пат се поставува овде во Кавадарци, а потоа ке гостува и во другите градови. Во рамките на 70 годинишниот јубилеј на друштвото ке има уште два големи проекти, нагласи тој кој ке се реализираат во Скопје.Една од поволностите на членовите на ДЛУМ ке биде со членската картичка на друштвото да може да се влезе во сите светски музеи.ДЛУМ ке ја интензивира соработка со сите градови на Македонија.Директорот на Домот на Културата „Иван Мазов Климе„ воедно и потпретседетел на ДЛУМ –Владимир Темков ја потенцира одличната соработка со ДЛУМ која ке продолжи и наредната година.Тој истовремено се заблагодари на Министерството за култура и министерот Елизабета Канческа - Милевска, која синоќа беше на изложбата, за подршката за повеке проекти битни за културата во Кавадарци .Мнистерството имаше разбирање и помогна и финасиски и програмски,исто како и градоначалникот Панов и Советот на Општината за помошта во реализацијата на многу проекти од капитално и програмско значење, за кои долги години ,не беше мрднато ниту со прст.Сега барем во ова област раздвижувањето е очигледно, а резултатите очигледни.По изложбата министерката Канческа- Милевска, со претседателката на Советот Горица Пеливанова-Вилхелм , градоначалникот Панов и директорот Темков ги разледаа реновираните простории , новата сцена и помошните простории во кои повеке од 50 години не беше инвестиран ниту денар.