Совет на Општина Кавадарци ги усвои Кварталниот извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Кавадарци за 2018 година(Прв квартал) и оддлука за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кавадарци за 2018 година
Од септември ,во најоптимистичка варијанта се очекува да профункционира Јавното претпријатие за управување, уредување и одржување на јавни паркиралишта во Општина Кавадарци.Ова денеска на седницата на Советот го најави градоначалникот Митко Јанчев одговарајќи на дел од прашањата на советниците по повод Иницијативата за формирање на Јавно препријатие кое треба да стави ред во Кавадарци кога е во прашање паркирањето,состојба на сообраќајниците и други прашања поврзани со паркирањето кое како проблем се провлекува подолго време.По раскинувањето на стариот договор со приватен партнер,се очекува со формирањето на Јавно преторијатие за управување, уреддување и одржување на јавни паркиралишта да се решат неколку прашања поврзани со категоризирањето на улици на кои може да се паркираат возила,да се изградди нова катна гаража во дворот на ОЕ„Хигиена и зеленило,да се надогради у покрие нов паркинг простор на сегашната монтажна гаража спроти зградата на полицијата.Советот и градоначалникот очекуваат претпријатието да се формира за 2 месеци,да брои околу 20 вработени, да стартува со работа од септември годинава .Советот и Локалната самопуправа ке овозможат услови да бидат регулирани сите поединости како истото би имало ефективен учинок на терен што е и главна интенција .13.000 возила колку се смета дека има во градот треба преку соодветно паркирање да се регулираат согласно Законот,несоодветно паркираните возила да се отстрануваат и низ постапка за таа намена да се подигаат од сопствениците, цените за паркирање , како што нагласи и Јанчев, не би требало да бидат високи .Иницијативата за формирање на вакво претпријатие беше прифатена едногласно од сите советници.
Советниците беа едногласни и по најважниот материјал на денешната седница : Усвојувањето на Кварталниот извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Кавадарци за 2018 година(Прв квартал) и оддлука за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кавадарци за 2018 година; Извештај по двете точки поднесе раководителот на секторот за финасии на Општина Кавадарци Цанка Јовановска.Според извешталот,повеќе ставки особено приходните и изврешените активнсоти гледани преку средствара погтрошени од извештајот ,споредбено со минатата година се зголемени , што зборува за добар старт на ова локална власт истовремено и сообразување на планирањето и извршувањето на буџетот за периодот од 1 јануаври до 30 март годинава.Беа најавени и низа вложувања согласно планирањата за кои средствата се обезбедени или има добра проекција за приходирање.
На денешната седница покрај другото се расправаше по неколку важни материјали од работењето на ЈП Комуналец ,Предлог-Програмата за изменување и дополнување на Програма за комунални дејности;Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработување на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2018 година; Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Кавадарци; Предлог-Одлука за именување и дополнување на Одлуката за авто такси превоз на патници во Општина Кавадарци и други. Вкупно со дополувањето советниците имаа за расправа околу 60 точки.Голем дел од предложените материјали беа едногласно усвоени, а по одредени точки како на пример за измена на имиња на улици во Кавадарци советниците бараа повеке објаснувања па и одложување со цел да се добијат посеопфатни и издржани објаснувања .