Возниот парк на ЈП Комуналец Кавадарци во изминативе три ипол години континуирано се модернизира и збогатува. Денеска беа претставени три возила за секторите во ова јавно претпријатие.
Градоначалникот Митко Јанчев и директорот Ѓоко Попицов најавија дека во наредниот период Комуналец ќе добие и нови возила со кои треба да се обезбеде подобра услуга за граѓаните.