МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општинскиот совет за безбедост на сообраќајот на патиштата во соработка со Полицијската станица Кавадарци денеска организираше едукативно превентивни активости.Најпрво беше одржано едукативно предавање пред учениците од прво одд. од ОУ “ТВТ“ со почитување на сите мерки за безбедност. Грижата за децата е основната наша обврска , со цел да му се обезбеди весел, среќен и безбеден детски развој. Со видео проекции и разговори со децата ги едуциравме за основите правила во соораќајот и зошто треба да ги научиме и почитуваме истите. -На децата им подаривме и пригодни подароци. Вториот дел од активноста се реализираше со возачите на моторни возила. Истата имаше за цел подигање на свеста за поголема и редовна употреба на сигурносните појаси од страна на возачите и патниците заради заштита на нивниот живот вели Љупчо Лазов - претседател на ОСБСП Кавадарци