МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Регионалното здружение „Тиквешки лозаро овоштари“ упати писмо до министерот за земјоделие, шум. и водсостопанство, во кое бараат решение на проблемите со кои се соочуваат.

Интегрален текст:

„Сеуште нема активности за договарање околу откупот на винско грозје годинава. Иако ветувавте дека со 15 март годинава ќе се исплатат, сеуште не се исплатени дел од ковид средствата, не е исплатена и редовната субвенција од 2 ден/кг грозје. Бараме исплатата на овие субвенции и доисплата на субвенциите по хектар површина за лозарите на кои не им се исплатени“. Ова се дел од барањата што ги пишуваат од регионалното здружение „Тиквешки лозаро овоштари“ во писмото кое денес го испратиле до министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа.

Понатаму во истото нагласуваат дека зелената нафта била добра мерка и биле задоволни од истата, но не им биле издадени нови картички со 50% попуст од вредноста на цената на нафтата за оваа година.

„Ветувавте дека ќе има исплата на средства за поправка на пумпите за наводнување во село Марена, местото Тисовец, познато како Лазово мовче. Ветувавте 850 метри каналска мрежа во село Ваташа (К1) пред 4 години, но до денес сеуште е во неисправна состојба. Баравме каналска мрежа за месноста Овчка река, Смилица, но четири години проектот не е ниту започнат. Баравме каналска мрежа и пумпна станица во месноста Брушани, но и од тоа нема ништо. Моментално, до денес, каналите К1 и К2 немаат вода за наводнување“ му пишуваат на министерот од „Тиквешки лозаро овоштари“.

Во писмото бараат да се изврши доплата на лозарите кои предале грозје во „Тиквеш“ по цена од 7 ден/кг вранец и 6 ден/кг смедеревка, прва класа, уште по 4 денари.

Од здружението исто така пишуваат, доколку се врши продажба на земјоделско земјиште, да им се даде можност на локалните земјоделци да го купат по ниска реална цена, а не како до сега, да доаѓаат од страна и да ја земаат земјата од населените места, блиску до градежната зона.

Исто така се бара формирање на комисија и вршење на проценка за мрзнење на лозјата и овошките, а потоа државата да ја надомести штетата.

На крајот од писменото обраќање до министерството, од здружението напоменуваат дека доколку не бидат прифатени нивните барања ќе организираат протести по патиштата и пред владата.