Општинска Организација на СДСМ Кавадарци денеска на Прес конференција ги потсети земјоделцците за проблемите кои ги имаа сите изминати години за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
„Почитувани претставници на медиумите, Почитувани граѓани, Почитувани лозари,
11 (единаесет) години пустош во земјоделието и во сите свери на општеството!
11 ( единаесет години) водење на деструктивни политики на штета на лозарите и овоштарите!
11 (единаесет) години манипулативно владеење со лозарите и овоштарите!
Почитувани Лозари,
Да ве потсетиме на сликите од владеењето на ДПМНЕ ( Ниски оркупни цени, неисплатено предадено грозје со години, неисплатени субвенции, пуштање во стечај на винарии и оставени лозари на цедило) .
Да ве потсетиме на неисплатениот долг кон лозарите од 2014, 2015 и 2016 година од страна на винарска визба “Повардарие“.
Да ве потсетиме на неисплатениот долг од винарската визба “Стефани“, и нејзиното одење во стечај, со што трудот и маката на лозарите, пропаднаа со пуштањеето во стечај на оваа винарска визба, со што лозарите со години останаа без скршен денар.
Да ве потсетиме на нерегистрираните откупувачи кои го откупуваа родот на лозарите за винарските визби “Повардарие“ и “Стефани“, а притоа лозарите за маката и трудот да не добијат ни денар.
Да ве потсетиме на неисплатениот долг на лозарите од 2009, 2010, 2011 година од страна на винарската визба “Линеа“. Долг кој остана ненаплатен со заминувањето на винарксата визба во стечај.
Да ве потсетиме на бомбастично најавената странска инвестиција на Индиската странска компанија „Сахара Индиа Паривер“ и холивудската најава на нејзиниот сопственик Субрата Рој. Да ве потсетиме на фотографиите на Груевски, Ставревски, Коњановски со Субрата Рој.
Да ве потсетиме дека најплодните парцели на државно обработливо земјиште беа доделувани на пратеници, министри, заменици, а не на вам лозарите.
Да ве потсетиме дека истите лица членови на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци, пратеничката Весна Пемова три мандати пратеник, Претседателот и секретарот на ОК Кавадарци, вработени во администрацијата, а предводени од претседателот на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски., кои вчера протестираа со вас неколкуте вистински земјоделци, а притоа не се ни потрудиле да ги слушнат кои се вашите барања, се главните виновници за лошите состојби во лозарството и овоштарството!
Господа од ДПМНЕ!
Престанете да ги лажете, манипулирате и исмевате лозарите!
11 (единаесет) години водевте детруктивна и лажна политика, на грбот на лозарите и овоштарите!
Каде бевте да протестирате во 2014, 2015, 2016 година?
Што чекавте и кого штитевте?
Зошто дозволивте некој да си игра со маката и потта на лозарите?
Зошто не реагиравте и не ги заштитивте, туку ги оставивте три години да бидат без скршен денар?
Зошто дозволивте нерегистрирани откупувачи да откупуваат за “Повардарие“ и “Стефани“, зошто тогаш не ги заштитивте лозарите?
Почитувани лозари,
Што направивме за две години:
- Ги исплативме неисплатените субвенции по хектар од 2016 година
- Ја покачивме вредноста на субвенциите по хектар од 40 000 денари, на 48 000 денари, на земјоделци кои имаат земјоделска површина од над еден хектар
- Околу 1 500 000 евра пари беа дирекно пуштени од Владата на сметките на лозарите, кои што имаа за наплата, за предадено грозје во ВИнариите „Повардарие“ и “Стефани“ за реколтите 2014, 2015, 2016 година што беа опфатени околу 3000 лозари.
- Ја воведовме долго очекуваната зелена нафта. 30% поефтина нафта во првата година.
- Исплативме дополнитена субвенција од 2 денари за предаден килограм грозје во регистриран преработувачки капацитет во 2017 година
- Исплативме дополнителна субвенција од 1 денар за предаден килограм грозје во регистриран преработувачки капацитет за 2018 година, или 1 милион евра на 6. 240 лозари.
- Мерката неповрати средства од 10 000 евра за млад земјоделец ја зголемивме на 20 000 евра за оваа година, и веќе првата година процесуиравме 424 барања за користење на мерката млад земјоделец од кои што 26 дирекно во општина Кавадарци.
- Ги раскинавме голем број на лажни договори за закуп на земјоделско земјиште со што се ослободи голема површија која се додели на вистински земјоделци, вкупно 6000 хектари земјоделско обработливо земјиште се додели.
- Работиме секојдневно на изнаоѓање на законско решение за исплата на останатите 5% неисплатени средства за предадено грозје во винариите “Повардарие“ и “Стефани“, и ве уверуваме дека во најбрз можен рок и тие средства ќе легнат на сметките на лозарите.
Има разлика!
Наместо замајување, манипулирање и лажење на лозарите и овоштарите, со изнаоѓање и решавање на проблемите.
Зборот Важи!„- шеше соопштено од страна на Сашко Петров-портпарол на ОО на СДСМ Кавадари.