Во средата, на 30 јуни 2021, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци се оддржа концерт насловен како “Вечер на италијанска музика“ со Билјана Камчева, сопран и Ана Гацева, пијано. Билјана Камчева е една од најистакнатите македонски музичари од помладата генерација. Своето музичко образование го започнува во својот роден град Кавадарци. Дипломира на одделот флејта во класата на проф. С. Темков, каде ги завршува и магистерските студии на ФМУ-Скопје. Ги завршува и студиите по соло пеење во класата на проф. М.Муратовска Наумовска. Пијанистката Ана Гацева работи како редовен професор по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Дипломирала пијано на ФМУ во Скопје како најдобар студент на генерацијата на Универзитетот Св.Кирил и Методиј и магистрирала со признанието cum laudeво класата на проф. С. Слејанска. Паралелно, дипломирала и магистрирала пијано и камерна музика на светски реномираната музичка академија Ecole Normale Superieure de Paris AlfredCortot во класите на проф. Р.Јаса и Ш. Дебуши, стекнувајќи се со највисоката диплома за пијано-концертист. Концертот е поддржан од Министерството за култура .