„Почитувани граѓани
Почитувани медиуми
Инвестициите во инфраструктурата, во капиталните проекти на централно и локално ниво остануваат врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ.Ветивме, подобрување на патната инфраструктура, и секојдневно работиме кон подобрување, изградба и развој на патната инфраструктура која што претставува исклучително важен сегмент од економскиот развој. Северна Македонија се гради и поврзува со квалитетна, безбедна и сигурна патна инфраструктура, за граѓаните да патуваат полесно и побезбедно до саканите дестинации.Во овој период, во општина Кавадарции се реализираат клучни инфраструктурни проекти, важни за целиот тиквешки регион. Во тек е реконструкција на патниот правец Кавадарци-Дреново со што граѓаните одовој регион ќе добијат современа делница и безбедно приклучување кон експресниот пат во изградба од Градско кон Прилеп, инвестиција во вредност од 90 милиони денари.Станува збор за исклучително важна патна артерија за овој регион за граѓаните и за компаниите со која се овозможува лесен и побрз транспорт на луѓе и на производи.Покрај ова, во наредниот период следува и надградба на коловозот на патниот правец Неготино-Глишиќ, кој исто така е од големо значење за овој регион. Во општина Кавадарци, како и во цела држава, се инвестира, се гради како никогаш до сега.СДСМ продолжува и понатаму интензивно да работи во интерес на граѓаните.Како одговорна партија, со реализацијата на капиталните проекти директно влијае на економијата, го поттикнува економски раст, ја подобрува инфраструктурата и го зголемува квалитетот на животот на граѓаните.„ наведува Вуко Мелов портпарол на ОО на СДСМ Кавадарци на денешнит прес.