МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денешното гласање за болни и изменоштени лица го спроведуваат 41 избирачки одбор.

Со гласање на затворениците, раселените, болните и изнемоштените лица, како и со гласањето во дијаспората стартуваа деветтите по ред парламентарни избори во независна Македонија.Во Кавадарци бројот на изнемоштени и на инвалидизирани лица кои побарале да гласаат во домашни услови изнесува 104 лица и 38 затвореници. Како што вели претседателот ОИК Кавадарци Зоран Костов немаат информација за број на пријавени гласачи од дијаспората ,бидејќи тие се пријавувале во дипломатско-конзуларните преставништва и конзуларните канцеларии. Костов информира дека денешното гласање за болни и изменоштени лица го спроведуваат 41 избирачки одбор. Во Избирачкиот список за гласање на предвремените парламентарни избор во Кавадарци се запишани 32.431 гласачи, а ќе се гласа на 60 избирачки места. Инаку за утрешните деветти парламентарни избори учествуваат 11 политички субјекти од кои шест политички партии и пет коалиции со 58 листи и со 1092 кандидати.