МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Ивица Илиев од КЛ 7 е најдобар стрелец со 30 погодоци а Зура Цинцадзе од Прилеп е најдобар голман

Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во организација на РК Прилеп беше последна проверка за македонските суперлигаши кои наредната недела на 8 односно 9 септември според првичните најави ќе го одиграат првото коло од елитната конкуренција. Екипата на Тиквеш иако некомплетна покажа дека и годинава има квалитетен состав кој ке им парира и на најдобрите.Во финалето на прилепскиот меморијал кавадарчани беа подобри од српска Дубочица со 32-31 иако на полувреме имаа + 5 а на моменти во второто полувреме и + 8. Трофејот од меморијалот „Миле Нешкоски“ заврши во витрините на кавадарчани. Покрај овој трофеј кавадарчани се вратија и со пехарот за најдобар играч односно МВП на турнирот кој заврши во рацете на Јане Јанчев. Ивица Илиев од Голден Арт со 30 погодоци беше најдобар стрелец на турнирот а за најдобар голман беше прогласен Зура Цинцадзе од Прилеп.

М.В.

241132653_375497727467646_4474994467806311995_n 241389073_4393601174051703_7203938766870627246_n