Mузејот во Кавадарци утре со промоција на фотомонографија ке одбележи 45 години од своето постоење
Во пресрет на двата големи празници, 7-ми септември - Денот на ослободувањето на Кавадарци и 8-ми септември - Денот на независноста на Макеоднија , утре , вторник 07 септември од 12.30 во Музеј галеријата на Кавадарци ке биде промовирана фотомонографијата „45 години Локален Музеј галерија Кавадарци – Активности во последните пет години (2017-2021)“. Инаку оваа фотомонографија е создадена по повод јубилејот 45 години од отпочнувањето со работа на Локалната Музеј галерија Кавадарци. Во оваа публикација е ставен акцент на активностите во последните пет години (2017-2021) и претставува сублимат на една успешна приказна во која главен лик е токму Музеј галеријата. Во оваа ретроспективна јубилејна фотомонографија збогатена со културни содржини, преку призмата на фотографијата се илустрирани фрагменти, мигови од отворање на изложби, промоции, трибини, реализација на научно - истражувачки проекти, посети од ризницата на многубројните музејски збиднувања, огледало - отчeт на сработеното. Музеј галерија Кавадарци е институција од областа на културата основана во 1973 година, која со работа отпочна во 1976 година. Како општ и непрофитабилен музеј во него делуваат: археолошко, историско, етнолошко, галериско и одделение за историја на уметност, трансформирани во стручна служба во месец август 2020 год. Покрај основната оваа институција располага и со два депанданти: Спомен куќата на Народниот херој Страшо Пинџур во с. Ваташа и Музеј на Мирис и вкус, отворен во 2013 година.
М.В.