На денешен ден 1944 година единиците на НОБ влегоа во Кавадарци .Со тоа Кавадарци беше ослободен од фашистичкиот окупатор а потоа беа формирани првите НОО.Кавадарци во борбата со заедничкиот окупатор даде 333 жртви, најголем број загинати има меѓу партизаните кои се бореа со фашистите од 1941 до 1945, година, до поседните борби ,на Сремски фронт.
Денесека бројни делегации на партиите, борците, Здруженија, и на Советот на Општината и Локалната самоуправа,предводена од градоначалникот на Општина Кавадарци -Митко Јанчев положија цвеќиња пред бистата на слободата на Градскиот плоштад.Со тоа на симболичен начин му одадоа почит на сите паднати борци и невино население во текот на НОБ од 1941 до 1945 година.
Инаку за вечерва е предвидено одржување на Свечена седница на Советот.