МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Вакцинацијата се одвива со добро темпо на територијата на целата држава – информираат од Министерството за здравство.

Според податоците кои ги објави денеска, највисок процент на вакцинирани граѓани има во Неготино и Кавадарци. Со една доза вакцина во Неготино е вакцинирано 63,4% од населението, додека во Кавадарци со една доза се вакцинирани 62,3% од целото население. Според овие податоци во Кавадарци, две дози имаат примено 17.859 граѓани, една доза примиле 21.633. Во Неготино со една доза се вакцинирани 11.908 лица, а со две дози 9.611. Заклучно со 4 септември, со една доза на вакцина против Ковид 19 вакцинирани се 44,6% од севкупното население над 18 годишна возраст. Вкупно 54% од граѓаните над 40 години имаат примено барем една доза на вакцина, 29% од граѓаните помеѓу 18 и 39 години.

А.Д