Oпштинското основно училиште „Тоде Хаџи-Тефов“ од Кавадарци беше домаќон на итвининг мини конференција која беше организирана од страна на Националната агенција за европско образование и мобилност.
Конференцијата беше одржана во ова училиште затоа што активно учествува во изработка на итвининг проекти и има добиено многу награди и признанија во Македонија и во Европа. Мини конференцијата ја отвори господинот Никола Нешковски, директор на ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“, а помеѓу другите присутна беше и госпоѓата Мила Протуѓер, раководител на одделението итвининг, која даде краток вовед во итвининг.Итвининг е дел од програмата Еразмус+ која се спроведува од страна на Националната агенција за европско образование и мобилност. Елизабета Филипова, наставничка по англиски јазик и итвининг амбасадор во Р.Македонија, презентираше неколку проекти кои имаат освоено награди меѓу кои и проектот „Млади научници“ за кој училиштето ја доби европската итвининг награда „Марија Склодовска Кири“.Општинското основно училиште „Тоде Хаџи-Тефов“ е првото училиште во Македонија кое има добиено европска итвининг награда. Учениците од шесто одделение ги споделија своите искуства од нивната работа на итвининг проектите. На мини конференцијата присуствуваа наставници од градинките, основните и средните училишта од Кавадарци.