МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Изгоре дел од ладилникот во кавадаречкото село Сопот полн со грозје, пожарникари 5 часа работеа на терен за да го стават огинот под контрола, потврдуваат вечерва од кавадаречката територијална противпожарна единица. -Попладнево пламени јазици зафатиле ладилник во селото. Се утврдуваат причините за пожарот како и настанатите штети, рекоа од Службата. Од кавадаречката единица на лице место биле две противпожарни возила со 7 пожарникари. Ним на помош им дошле двајца пожарникари и едно возило од Фени индустри, едно возило со еден пожарникар од Неготино и цистерна со вода и работник од комуналното претпријатие од Кавадарци