МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Од денеска и на вакциналниот пункт во Кавадарци започна вакцинацијата со трета доза вакцина против Ковид 19 од производителот Фајзер. „Сооглед на високиот процент вакцинирани граѓани, во четвртиот бран од корона вирус имаме помалку хоспитализирани граѓани, иако делта сојот е поагресивен. Во Кавадарци во изминативе два месеци дијагностицирани се 665 позитивни, а хоспитализирани 45 пациенти“ вели директорот на кавадаречката болница, д-р Диме Коцев.