МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Поволност за плаќање на долговите на рати без камати и трошоци во постапката

„Советот на Општина Кавадарци , во соработка со Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, на седницата одржана на 27.09.2018 година, даде согласност на Одлуката за слободување од пресметување на камата за задоцнето плаќање на долг на физички лица, корисници на комунални услуги и трошоци во постапката спроведена пред надлежен суд или нотар, донесена од Управниот одбор на ЈП "Комуналец" Кавадарци, со која граѓаните доколку склучат договор со ЈП "Комуналец" Кавадарци до 31.12.2018 година и го испочитуваат истиот, ќе бидат ослободени од казнена камата на главниот долг и од трошоци кои се створени при спроведувањето на постапката пред надлежен суд или нотар.

Услов за склучување на договор со ЈП Комуналец Кавадарци е корисникот да нема или да го плати долгот за кој не е утужен и во иднина редовно да ги плаќа тековните сметки за комунални услуги.

Заостанатиот ТУЖЕН ДОЛГ граѓаните ќе можат да го платат на неколку рати, во зависност од висината на долгот а најмногу до 20 месечни рати.

Инаку според книговодствената евиденција на ЈП "Комуналец"- Кавадарци износот на ненаплатен а утужен долг е околу 58.000.000,оо денари и ненаплатени трошоци во износ од околу 4.000.000,оо денари.

Значи доколу граѓаните, кои имаат утужен а неплатен долг за комунални услуги и склучат договор за измирување на рати и по истиот постапат, ЈП "Комуналец" Кавадарци ќе ги ослободи граѓаните во износ од 38.000.000,оо денари по основ на казнена камата и трошоци во постапка.„-се вели во известувањето од ЈП „Комуналец“