МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во Младинскиот културен центар, вечерва во 20 часот, ќе биде отворена самостојната изложба „Континуум“ (Continuum) на мултимедијалниот уметник Игор Јосифов. Премиерно ќе бидат презентирани негови уметнички дела кои подоцна ќе бидат изложени во галерија во Чикаго (Defibrillator Performance Art Gallery), со што ќе биде заокружен уметничкиот проект.

Изложбата содржи уметнички дела на хартија, платно, инсталации, уметнички филмови кои го презентираат неговото творештво и креативен процес. Во делата на „Континуум“, Јосифов презентира десетгодишно истражување, размислување и можностите што огнот како алатка во уметничките перформанси го нуди за трансформација.

- Огнената рефлексија е актуелен процес на моето патување за себеистражување и слобода низ проектите како „Manumission“, „Taming Fire“, „Burning Words“, „Wit-ness“ и „2-dimensional“ - истакнува Јосифов, кој живее и работи во Сан Франциско, а неодамна се претстави и на 6. Скопска недела на дизајн.

„Континуум“ е инспириран од неговиот мултимедијален проект „Untie“, но резултира со нови обемни уметнички дела кои премиерно ќе бидат претставени вечерва во Младинскиот културен центар. По отворањето на изложбата, во киното „Фросина“ ќе бидат прикажани филмови на Јосифов.

Преземено од Telegraf.mk