МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Повод за соопштението е Отчетот на ГрадоначалникотАлександар Панов за сработенето изминатите четири години.

Во Соопштението се вели:

„Почитувани граѓани на Кавадарци,

Денеска, Александар Панов, инаку осуден на два месеци затвор за изборен поткуп, се обиде да го презентира сработеното од неговиот осумгодишен мандат.

Господинот Панов се обиде на овој прес, тековните работи на општината, да ги презентира како свои проекти за овие осум години додека е тој градоначалник.

Веруваме дека граѓаните на Кавадарци ќе се согласат дека неколку улици, тротоари и еден кружен тек се премалку за осум години мандат и за вкупен буџет од 80 милиони евра.

Би сакале да го прашаме Панов, каде се ветувањата од неговата програма: Аква паркот кој требаше да биде на местото на градскиот базен, потоа Затворениот Пазар и Деловно-Трговскиот Центар , па Подземниот коридор под градскиот плоштад, реконструкцијата на главните булевари во градот (погледнете го само Северниот булевар), соларниот град (соларните панели) на Витачево и уште многу други работи?

На следниов линк може да ја прочитате целата програма на Александар Панов (2013-2017), и самите да се уверите дека 70-80% од ветените работи таму не се реализирани.

Во историјата на Кавадарци, Панов ќе остане запаметен како најлош градоначалник, и како прв градоначалник кој ќе оди во затвор за изборен поткуп.„, се вели во соопштението.