Оваа година Републичката акција за помали извидници (РАПИ) се одржа во Скопје на 16 октомври каде учество зедоа дури 17 екипи од Скопје, Штип, Кавадарци, Куманово, Прилеп и Свети Николе. Активностите се одвивале во околината на Градскиот парк, Кале и реката Вардар и вклучувала семафор, морзе, итенерер, патни знаци, наоѓање контролни точки во природа, решавање задачи на карта, патенти во природа, јазли итн проследени со тимска работа. Дефинитивно највозбудливиот дел беше полигонот на спретност во Авантуристички парк Скопје како и што кажуваат фотографиите. Освоените места се следни: 1. Екипа „Сидро 3“ - ИПО Сидро Скопје 2. Екипа „Сидро 1“ - ИПО Сидро Скопје 3. Екипа „Галеб 4“ - ИПО Галеб Скопје Би сакале особено да им се заблагодариме на сите волонтери вклучени во организацијата и уште еднаш да им честитаме на сите учесници,, велат од организаторот. Кавадаречките извидници од ,,АВАНТУРИСТИ,,, КАКО ШТО НИ ЈАВУИВА ДАРЕ ЗОКОВ, УЧЕСТВУВАЛЕ СО ДВЕ ЕКИПИ.