Изложба на фотографии во организација на спомен куќата „Тодор Проески“ од Крушево
Утре, петок, на 19 ноември во галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци со почеток во 13 ч асот ќе биде отворена изложба на фотографии со македонскиот ангел Тоше Проески. Изложбата содржи професионални фотографии со големиот македонски музичар Тоше Проески, од млад надежен талент до најсјајна музичка ѕвезда. Овој настан е во организација на Спомен куќа “Тодор Проески“ од Крушево, а во соработка со Дом на култура “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци и е дел од манифестацијата “Кавадаречка културна есен 2021“. Отворањето на изложбата ќе се одвива според сите предвидени протоколи за COVID - 19:
Влезот е можен само со Сертификат за примени две дози на вакцина. Бројот на присутна публика е 50 % од предвидениот простор.
М.В.