МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ДЕНЕСКА ВО СОЗШУ„ЃОРЧЕ ПЕТРОВ„ БЕШЕ ОДЖАНА ДЕГУСТАЦИЈА НА МЛАДО ВИНО.

Средното општинско училиште за „Ѓорче Петровк,, кое школува кадри во дрвопреработувачката струка и лозарстворто односно енологијата денеска одржа презентација- со дегустација на младо вино од годинашнава реколта .Суровината е произведена на нивната плантажа под неколку сорти на грозје која воедно е и наставна .

Годината не беше погодена , но сепак подобра од лани велат професорите со кои разговаравме, а имавме можност тоа и да го почувствуваме пробувајќи дел од вината и ракија кои се пороизведуваат во нивните училишни капацитети.

На свеченоста која по тој повод се одржа во училиштето беа прогласен најдобрите бели и црвени вина и ракија.Се работи за ученици кои се школуваат овде а стручни лица –професори од ова училиште вршат проценка на кавлитетот и соодветно ги рангираат.

Најдобри бели вина годинава призведоа; Прво место за Даниел Перовиќ 2.Филип Ѓошев и 3. Магдалена Камчева.

Најдобри црвени вина произведоа : 1. Марио Ристовски 2. Љубица Петрова и 3. Магдалена Камчева.

Најдобра ракија 1.Ивана Танчева, 2. Ружица Петрова и 3. Цветанка Стојанова

На свеченоста беше одржана скромна едукативна изведба за младото вино а престставници на голем број компании и фирми беа порисутни на свеченоста, која наставничкиот колегуим и дирекоторот Горан Велковски ја подигнале на повосоко ниво од ланското.

м.д.

Македонија е земја со голема традиција и умешност во производството на прекрасни вина. Виното е еден од најголемите македонски брендови, а нашето училиште е извор на знаења поврзани со овој божествен пијалок. Водител: Ви благодариме што ни го овозможивте задоволството да го споделите со нас овој момент кој е реализација на постоењето на оваа институција. Водител: Нашето училиште постои повеќе од 70 години и за тоа време има постигнато бројни успеси не само на воспитно – образовно, туку и на културно и стопанско поле. Водител: Во ова училиште се градат луѓе, идни градители на светлата иднина, чувари на природата и заштитници на убавината и нежноста. Водител: Тоа е ЗШУ ,,Ѓорче Петров“ од Кавадарци училиште со јасна визија за иднината. Тоа е училиште што е посветено на природата.

Прославата на Новото божоле е традиционален празник на младо вино во многу земји ширум светот. Македонија се придружува во празнувањето на овој убав настан, кој има за цел претставување и популаризирање на винската култура и традиција на виното. Божоле нуво се празнува од 1937 година и започнува во 00.01 часот секој трет четврток во Ноември .Преку дегустација на МЛАДИ ВИНА произведени од наши ученици и наставници, и ние се вклучуваме во светските настани и на свој начин му даваме свое автентично обележје.

„Виното е дар од боговите” вели една поговорка, а тоа е само потврда дека на овој божествен напиток никој не може да му одолее. Познато е дека Македонија е земја со голема традиција и умешност во производството на прекрасни вина, а виното - еден од најголемите македонски брендови. За виното велат дека е храна, а го пијат и боговите. Како најприроден производ на трпезата закрепнува. Виното ја поттикнува фантазијата, интелигенцијата и креативноста.

проф. Влатко Тасев

263686633_698080337826933_4753791259657364046_n 263710452_1282607992215636_6558535968319071324_n 263713032_628627141643927_3342758139005695567_n 263713038_429061055367380_8794066194935189808_n 263716185_448577493278344_528327612795057051_n 263737068_4654947491256709_1171939950328136328_n 263745969_297756712263402_5761650732340504931_n 263746279_1034035077141898_623831152646384265_n 263752863_4639601629449980_8955441157478821491_n 263762777_608423430433920_6929236287897121742_n 263776980_373379937895364_6240351382609260053_n 263803059_482745849842273_8137137400797919479_n 263825370_1088747031896851_8850469966278910171_n 263871266_321964503106103_614284230447486327_n 263879380_711627759816179_659776166237087760_n 263953686_267400532089434_4806016734592314994_n 263969257_945865419377654_8978820454338177122_n