МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Изложбата покажува како македонците се подготвуваа за учество на ЕП во фудбал Вечерва во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ беше отворена изложба на фотографии од италијанскиот фотограф Матео де Мајда, насловена како “За прв пат (La prima volta)“. Самата изложба има своја приказна. Имено минатото лето, фудбалската репрезентација на Северна Македонија за прв пат учествуваше на европското фудбалско првенство. Неколку недели претходно, италијанскиот фотограф Матео де Мајда (Matteo De Mayda) и новинарот Козимо Бизари (Cosimo Bizzarri) ја пропатуваа земјата и ги претставија нејзините жители како се подготвуваат за еден од најголемите спортски настани во својата историја. Изложбата ја организираше италијанската амбасада во соработка со ЛС Кавадарци и е дел од “Кавадаречка културна есен 2021“. На изложбата присуствуваа и одржаа пригоден говор, неговата екселенција Андреа Силвестри, амбасадор на Република Италија во Македонија и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев. Меѓу присутните имаше многу сегашни и поранешни фудбалери на ФК Тиквеш.

265458508_462737705206159_8194675470858652793_n 265486842_302725358419112_4025825549911938026_n 265706783_607565670501888_7628321709687943945_n