ЕКИПИТЕ ОД ВРВОТ НА ТАБЕЛАТА СИГУРНИ ВО ПРВИТЕ ПРОЛЕТНИ НАСТАПИ
На стартот на пролетниот дел од првенството во третата лига југ беа постигнати очекувани резултати. „Локомотива“ во Градско за само 31 минута во првото полувреме му даде 5 гола на тимот на „Младост 1930“ за убедлива победа од 5:0. „Вардар“ во Неготино со пресврт дојде до победата над „Обршани“ со 2:1. Убедлива победа со 6:0 забележа и „Ново Црнилиште“ против „Младост“ Удово. „Марена“ на домашен терен загуби од „Братство“ 0:3. И „Илинден“ во Башино Село загуби од „Големо Коњари“ со 1:2. „Питу Гули“ беше убедлив против „Динамо“ со 4:0 а „Напредок“ и „Д.Езеро“ ги поделија бодовите играјки 1:1
м.в.