Со прогласување на Прва заштитена зона ,,Лукар" по налог на градоначалникот Митко Јанчев заедно со ЈП Комуналец и Еколошкото здружение ,, Еко Живот ,,-ќе се пристапи кон поставување информативни и предупредувачки табли на прва и втора заштитена зона, и оградување кога ќе дозволат временските услови.
Oд ,,Еко Живот,, ,го поздравија потегот на Локалната самоуправа Кавадарци , со оглед на нивната заложба за заштита на еден од ретките планински извори во Македонија , благодарение на кој три општини во Тиквешијата пијат здрава вода.
„Прекрасно е чувство,кога се знае дека во општина Кавадарци имаме уште едно заштитено подрачје каде ќе има зони на строг надзор со забрана за движење. Од еколошки гледен аспект ова е втората по важност добивка за општина Кавадарци, каде на сечие задоволство ќе знаеме дека има некоја сигурност по безбедноста на извориштата, а за сето тоа во иднина ќе се грижи ЈП КОМУНАЛЕЦ. Тие ќе треба да се грижат за сигурноста на водата која ја пиеме во Кавадарци, Росоман и Неготино. Нашиот удел понатаму е да ја зголемуваме свесноста на граѓаните и сите да се однесуваме поодговорно со оваа благодет која ни е дадена како вистинско богатство на територија на општина Кавадарци.
P. S. МНОГУ ДЕЛОВИ ОД ЗЕМЈИНАТА ТОПКА НЕМААТ ИСПРАВНА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ“, пишуваат од “Еко живот“ јна ФБ.