Прeдуслов за квалитетен живот е чист воздух и здрава вода за пиење
„Денеска одржавме една симболична акција за чистење на сметот со цел да ја потенцираме важноста на чистотата и здравата животната средина, која зазема многу важен дел од нашата програма.
Предуслов за квалитетен живот на секој човек е здравиот воздух и вода за пиење. Сите добро знаеме дека Кавадарци е еден од најзагадените градови во Македонија според ПМ 10 честичките во воздухот.
Ние во нашата програма имаме конкретен план, со повеќе мерки, како да го решиме проблемот со загадувањето во Кавадарци.
Како прво, со гасификацијата, значително ќе го намалиме загадувањето. Ова е еден од нашите приоритетни капитални проекти. Понатаму, ќе поставиме нова и попрецизна мерна станица за поефикасно мерење на загаденоста на воздухот во Кавадарци.
Трето, во соработка со Владата, ќе ги субвенционираме обвновливите извори на енергија, а и ќе започнеме со поставување на сончеви колектори и на покривите на јавните институции.
Значително ќе го прошириме зеленилото во Кавадарци. Покрај проширувањето и обновувањето на постоечките паркови, ќе посадиме многу нови дрвореди, како низ градот, така и низ периферијата. На барање на многу наши сограѓани, сериозно ќе ја разгледаме можноста за поставување дрвореди и на градскиот плоштад.
Исто така, ќе го помогнеме и афирмираме велосипедизмот и возењето велосипеди.
Во однос на комуналните услуги, планираме осовременување на депонијата Мелци, како и воведување на систем за гасење на истата. Ќе ги замениме и застарените метални канти со отпадоци во градот и ќе поставиме нови.
Во оваа прилика исто така, ќе ја спомнам и изградба на колекторски систем до селото Марена, со што конечно ќе се реши проблемот со миризбата во Глишиќ и Марена, која доаѓа од реката Луда Мара„ се вели во обраќањето на кандидатот за градоначалник на Кавадарци на СДСМ Бетијан Китев.