МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кон крајот на годината беше извршен изборот на спортист на годината на Кавадарци

Доминацијата на борците од клубот за боречки вештини „Будо“ на завршниот избор на спортист на годината на Кавадарци продолжува. Откако минатата година Филип В`чков го доби признанието за спортист на градот, годинава бројните успеси на Филип Ризов на националните и интернационалните турнири и првенства, од кои последното на турнирот во Ниш, сосема заслужено му го донесоа признанието за најдобар спортист на Кавадарци за 2016 година.

Со пласманот на Фени Индустри во четирите најдобри во македонското кошаркарско првенство и предводењето на репрезентацијата до 20 години, како и одличниот ефект во новата сезона, го промовираа Љупчо Малинков во најдобар тренер, додека кошаркарскиот клуб Фени Индустри во најдобар спортски колектив за изминатата година.

Владанка Аврамова која заокружи уште една успешна година освојувајќи бројни медали и признанија од турнирите ширум Македонија и Балканот е најдобар млад спортист, додека Лазе Мицев кој и годинава успеа да го стави Кавадарци на мапата на светските тениски центри, го доби признанието за најдобар спортски работник.

Неуморното известување од сите спортски арени и годинава му го донесоа признанието најдобар спортски новинар на Мики Виденовиќ, додека годинава специјално признание за особени достигнувања во спортот во Кавадарци му беше доделно на Горан Самарџиев кој ја заврши својата кариера како професионален кошаркар. За спортски настан на годината е прогласена манифестацијата „Алшар - Допри го сонцето“ во организација на Тиквешки Точакџии, а за најдобар интернационалец Даниел Мојсов.

Од екипните спортови, Александар Ангелков е прогласен за најдобар фудбалер, Марјан Велков со најдобар ракометар, Милан Милков за најдобар кошаркар, најдобри кошаркари се Цветанка Димитрова и Ивона Крстева, а Видан Станоев за најдобар футсал играч на град Кавадарци за 2016 година.

foto:kavadar4e.com