МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Училиштето ги награди првенците на генерацијата и оние со исклучителни резултати но и вработените јубилејци и идни пензионери

Денеска ООУ „Страшо Пинџур“ од Кавадарци го одбележа патрониот празник. Активностите започнаа во „Паркот на Револуцијата„ каде беше положено свежо цвеќе на спомен бистата на народниот херој. Цвеке положи делегација на училиштето предводена од директорката Илинка Бакева, претседателот на Совретот на општина Кавадарци др. Стојанчо Рамов, делегација од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев и пратеничката во републичкото собрание Даниела Колева заедно со советниците од СДСМ. Прославата на патрониот празник продолкжи во училиштето каде се обратија директорката на училиштето Илинка Бакева и претседателот на советот Д-р. Стојанчо Рамов

Потоа им беа доделени награди на првенците на генерацијата и тоа на Цветанка Ристова од централното училиште, Марија Попова од подрачното училиште во с. Дреново и на Кристина Стојановска од подрачното училиште во с. Возарци. Беа доделени и награди на ученици со континуирани и исклучителни резултати постигнати на разни натпревари. Награди им беа врачени и на победниците од литературниот конкурс на тема „ Кога би имал волшебно стапче“ како и на победниците на ликовниот конкурс. На крај награди им беа и врачени и на неколку вработени во училиштето и тоа за 10 год стаж на Душанка Трајкова Андоновска и Надица Јованова, За 20 години на Елена Соколова и за 40 год на Тоше Чамевски. А во заслужена пензија свечено беа испратени Милица Арсова, Катица Ставрова, Драган Василев, Ангелче Атанасов и Васка Јовановска.

viber_image_2022-03-04_14-56-36-645

viber_image_2022-03-04_14-56-39-246

viber_image_2022-03-04_14-56-36-353viber_image_2022-03-04_14-56-36-645 viber_image_2022-03-04_14-56-37-081 viber_image_2022-03-04_14-56-37-352 viber_image_2022-03-04_14-56-38-085 viber_image_2022-03-04_14-56-39-246 viber_image_2022-03-04_14-56-39-487 viber_image_2022-03-04_14-56-40-359 viber_image_2022-03-04_14-56-40-836 viber_image_2022-03-04_14-56-41-426

м.в.