МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„На 01.09.2019 во 18.40 часот на крстосницата од улиците „Страшо Пинџур“ и „Ило Костов“ во Кавадарци се случила сообраќајна незгода во која учествувале мотоцикл „Џонвеј“, управуван од М.Г.(40) од Кавадарци, непознато возило, кое го напуштило местото, во која бил удрен пешакот Б.Ј.(89) од Кавадарци. Со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој бил пренесен во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и возачот и за расчистување на случајот.

-На 01.09.2019 во 18.30 часот на ул.„9 Бригада“ во Кавадарци, патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Т.М.(19)од Кавадарци, удрило во девојче од Кавадарци, кое се здобило со повреди и било пренесено во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

-На 01.09.2019 во 14.00 часот во Полициската станица Кавадарци, Е.С.(28) од Кавадарци пријавила дека истиот ден околу 13.00 часот, С.Ф. од Кавадарци се обидел да изврши обљуба врз неа, но не успеал. С.Ф. бил приведен во Полициската станица Кавадарци и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.„-

-се наведува билтенот на ПС од ОН Кавадарци