МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Палија и Дуковска направија вистински избор на темите а гостинка им беше Слободанка Танева од Кавадарци.

Синоќа во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, а во пресрет на празникот “8 Март“, се одржа концерт на “Дуо Грациозо“ во состав Кристина Палија - сопран и Невенка Дуковска на пијано. М-р Кристина Палија е родена во 1984 г. во Неготино. Магистрирала на ФМУ на отсекот по соло пеење во класата на проф. Весна Ѓиновска Илкова. На сцената на македонската опера и балет дебитира во улогата на Микаела во операта Кармен. Др Невенка Дуковска е родена во 1984 год. во Скопје. Основно и средно музичко образование завршува во Штип а дипломира и магистрира на националната музичка академија „Панчо Владигеров“ во Софија во класата на проф. Антон Диков. Магистрира на отсек пијано а докторира во 2013 во областа на камерната музика и корепетицијата. Моментално работи како вонреден професор на УГД на музичката академија во Штип. Гостинката Слободанка Танева е родена во 1997 во Кавадарци. Нижо музичко заврши во Кавадарци а средно во Скопје каде и студира на ФМУ отсек соло пеење специјал.Од 2016 до 2020 по покана на интернационалниот фестивал „Ентреритмос“ кој се одржува во Мароко, дуото Грациозо имаше чест да остави музички печат како први македонци кои воопшто ја претставиле македонската музика низ сцените на Мароко. Во 2018 г. тие беа почестени со настап пред принцезата на Мароко.За синокнешниот концерт беше направен вистински избор на композиции кои ги задоволија сите вкусови на присутната публика.. Беа изведени неколку познати нумери како Гранада, Ел Вито, Ла виен Розе како и неколку арии од познати опери меѓу кои Хабанера од Кармен од Жорж Бизе, Леонора од операта Моќта на судбината на Верди, Норма од Белини, Лаурета од операта Џани Скики на Пучини и други нумери.

275424449_3054068084832257_9178507759254578953_n 275427621_3054068054832260_6835736339264145022_n 275436248_3054068271498905_8733345214562767033_n 275395387_3054068634832202_6770711357676641507_n

М.В.