Лани ова време во Кавадарци биле регистрирани само 58 случаи со грип
Состојбата со заболувањата од сезонски грип ескалира.Во Општина Кавадарци за само минатата недела се регистрирани 1.024 болни од грип, а досега на подрачјето на Кавадарци и Росоман се евидентирани вкупно 1.420 пациенти.Ова се регистрирани граѓани кои на лекување дошле во установи кај матичните лекари, од каде и е можно да се врши евидентирање.Голем дел од пациентите не се јавуваат на лекар и лекувањето го прават дома со сопствена терапија.Тоа значи дека вкупната бројка е повисока.
-Ако се направи споредба со минататат година кога сме регистрирале само 58 случаи, сега зголемувањето на болните од грип е речиси 25 пати повеке, вели д-р Ристе Јовановски, раководител нма Епидемиолошката служба во Центарот за јавно здравје Кавадарци.
Инаку, бројот на зболени од вирусот на грип е зголемен во сите земји од регионот. Можно е оваа сезона да го достигне пикот за време на периодот на празници во многу земји што ќе се зголеми притисокот врз здравствените системе, потенцираат епидемиолозите.
Досега и во останатите земји доминира инфлуенца од тип А , а повеќето од вирусите се регистрирани како А (H3N2).
Но подобро да се спречи отколку да се лечи , епидемиолозите и со препораки до граѓаните за тоа како да се заштитат од вирусот .
Со внесување на свежо овошје и зеленчук се штитиме од настинките грипот бидејќи со тоа се зајакнува имунитетот , да се престојува на чист воздух , да се избегнува и конзумирање на алкохол.Да се проветруваат просториите , да се избегнува контакт со заболени лица и при појава на симптоми од грип веднаш да се јават кај лекар.
Исто така се препорачува да се внимава повеќе на личната хигиена, да мијат раце пред консумација на храна, по одење во тоалет, да се пие вода од соодветен сад, а не од рака. Се препорачува да се внесуваат витамини во организмот и да се избегнуваа консумација на брза храна.