МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Болница во Кавадарци ќе добие 54 апарати во вредност од 865 илјади евра

За прв пат болницата ќе добие апарат за компјутеризирана томографија. Задоволството од најавата на нова медицинска опрема ја искажаа и докторите од Кавадарци.

Првиот човек на општата болница во Кавадарци, Орцо Ангеловски информираше дека во оваа болница ќе бидат донира 54 апарати во вредност од 865 илјади евра и за прв пат болницата ќе добие апарат за компјутеризирана томографија.Ангеловски вели дека оваа мерка ќе значи поквалитетна здравствена услуга за сите граѓани. Колку е поблиску здравствената услуга толку статистички се зголемува и бројот не прегледи.80.000 жители од Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија ќе можат да ги користат здраствените услуги .

Градоначалникот Александар Панов подлече дека со набавката и опремувањето на болницата во Кавадарци се продолжува во континуитет. Само за 2016 година билницата е подновена со три нови апарати. Дигиталниот мамограф е ставен во употреба ,функционираат и апаратите за електроенцефелографија и електормиографија на одделот за невропсихијатрија, како и новиот гастроскоп кој до крајот на оваа недела ќе биде ставен во функција.