МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Се зголемува бројот на интервенциите на Брза помош во Кавадарци

До четири пати повеќе прегледи од вообичаено бележи Брза помош во Кавадарци. Началникот на Службата за итна медицинска помош доктор Антоан Паракеов денеска информираше дека во најголем дел пациентите се со сезонски грип.

-Поради зголемениот обем на работа а имајќи ги во предвид најавените ниски температури, Службата за итна помош при Здравствен дом Кавадарци за време на викенди и празници ќе работи со зајакнати медицински екипи, соопшти Паракеов.

Преку медиумите, тој упати апел до граѓаните на максимална претпазливост при изложување на ниски температури. Да излегуваат на отворено од 11 до 15 часот и да избегнуваат масовни собири во затворен простор.

-Хроничните болни, старите лица и бремените редовно да си ја земаат препишаната терапија, нагласи докторот.