По повод Велигденските празници, денеска во Дом на култура “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, се оддржа манифестацијата “Шарени Велигденски јајца“. Се одржа и театарска работилница под менторство на Микица Илова а исто така и работилница за изработка на велигденски јајца под менторство на ликовниот уметник Владимир Темков, наставникот Ќиро Јошев и ликовниот педагог Горан Боев. На работилниците учествуваа и ученици од проектот „Еразмус“од Кавадарци, Данска, Португалија и Бугарија, под менторство на наставникот Милка Мркева. Сите изработки беа изложени во Галеријата при Домот на културата, а најдобрите добија дипломи.Признанијата ги додели директорката на Домот на културата -Кавадарци -Јулијана Туриманџова.