МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Решија и реализираа. Една од најактивните подгрупи на навивачката група „Лозари“-„ Бригада 12“ денеска во Големата сала на Собранието на Општината организираа крводарителската акција.

Да потсетиме дека тие во дописот до јавноста нагласија дека во периодот кога сите се грижат за самите себе, тие се одлучиле да се погрижат за дарување крв.

„Со таа мисла, во која хуманоста и човечкиот живот ни се на прво место, одлучивме дека е идеално време да организираме крводарителска акција. Ги покануваме сите кои се во можност, од средношколци, вработени и невработени, до пензионери да не поддржите во оваа животоспасувачка акција. Во овие студени денови, да бидеме жар која ќе стопли многу срца и ќе спаси многу животи“.

Црвениот крст на Општина Кавадарци заедно со Институтот за трансфузиона медицина ја спроведоа денешната акција на кавадаречките навивачи.Според последната информација до 14 часот беа собрани над 30 единици крв, што е одлична бројка.

Инаку Црвениот крст Кавадарци кој со своето работење ги покрива двете општини Кавадарци и Росоман, до крајот на октомври веќе го оствари предвидениот план за крводарителство за 2016 година од 1184 единици, а сите овие нови реализирани крвни единици се натфрлување на планот.Посебно бнимание заслужуваат акциите во последни време во соработка со Ротари клубот и универзитетот „Гоце Делчев“ со 20-сетина дарувања на крв, а посебно акцијата со „Алијанс уан“ каде крв дарувааа 62 вработени. До крајот на годината ќе се реализират секојдневните дарувања во кабинетот за трансфузиологија во Кавадарци, па се очекува вкупна бројка од околу 1.500 крвни единици.