Градежната оператива „Павер трејд“ од Кавадарци заврши со осветлување и поплочување на дел од тротоар на улица Западен Булевар наспроти Градските гробишта. Со ова се продолжи тротоарот од ново пробиениот Западен Булевар и пешаците ќе можат да се движат по осветлен тротоар од месноста „Коњски Дупки“ до Спортски центар Јасмин па се до излезот на градот спрема Росоман.
Извор : Кабинет на Градоначалник.