МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Лицата со посебни потреби од Велес, Штип, Неготино и Кавадарци фатени за раце со фолклористите од овие градови сакаат да го менуваат светот

Синоќа во Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци ќе се оддржи Фолклорен фестивал насловен како “Фатени за раце го менуваме светот“ на кој учествуваа лица со посебни потреби потпомогнати од Фолклорните ансамбли од повеќе градови. Публиката ги виде Основното училиште за деца со посебни образовни потреби “Маца Овчарова“ и КУД “Коле Неделковски“ од Велес, Средното училиште за деца со посебни образовни потреби “Искра“ и КУД “Ристо Донев - Учителот“ од Штип, дневниот центар за лица со посебни потреби и КУД “Јане Сандански“ од Неготино и посебната паралелка при ОУ “Страшо Пинџур“ и Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“ од Кавадарци.

Публиката на влезот во салата можеше да ја види и изложбата на фотографии насловена како „И јас сум тука“. Станува збор за изложба на фотографии на 20 лица со интелектуална попреченост која ја организира фестивалот за литература и илустрација за деца„Литера“ од Скопје а е дел од проектот„Децата не се раѓаат со предрасуди“ инициран од театарот Глада Худик со подршка од шведскиот институт.....

М.В.