ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА ТРАДИЦИЈАТА СЕПАК ПРОДОЛЖУВА И ТОА ОN LINE
Традицијата продолжува и покрај пандемијата. Младите ликовни уметници од Кавадарци заедно со нивните гости и годинава ја одработија традиционалната годишна изложба. Станува збор за настан кој за прв пат се случи во 2009 година а годинава иако само он лајн го доживеа своето 11 издание. Акценотот на оваа изложба или главниот принцип всушност е слободното творечко изразување, без ограничувања и без инстутиционален, хиерархијски и шематизиран систем. Досега на овој настан учество имаат земено над 70 уметници од градов, државата и гости од странство. Настанот по традиција досега се реализираше во Музеј галеријата - Кавадарци, но годинава заради пандемијата, еден куп ограничувања и протоколите поврзани со Ковид-19, ги натераа „младите уметници“ својата 11-та по ред изложба ја прикажат он лајн и виртуелно со поддршка на КСП „Подиум-Јадро“ од Кавадарци. Инаку целиот овој настан е дел од проектот „Учествуваме, застапуваме, менуваме – демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра преку нов модел на институција на јавно-цивилно партнерство 0.2“ на „ЈАДРО“ – Асоцијација на независната културна сцена а исто така проектот е подржан од Министерството за култура. Оваа година учестуво зедоа вкупно 21 млад уметник заедно со нивни гости и тоа : Агата Алаѓозовска, Ана Арангелова, Цанко Стефанов, Цветанка Темкова, Дарко Алексовски, Галапче Галапчев, Гоце Давидов, Илија Дојков, Јадран Манчев, Леа Јазбец, Марија Дичова, Ненад Тонкин, Никола Ивановски, Петар Петков, Сашко Илов Дете, Симона Манчева, Соња Ставрова, Стефан Видиков, Стефанија Милевска, Трајче Павлов- Тац и Трајче Јованов.
м.в.
https://www.artsteps.com/view/5fad86545da457716afe830d?fbclid=IwAR2oDYeblC9RhhLgiQbYphIq64ERKE2QTYhjAxT4ik0Bcx4RLbqaTpBUUxY