МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„ОВР Кавадарци поднесена кривична пријава против Д.М.(60), поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама во службата“. Пријавената, во својство на адвокат, на 18.10.2021 и на 15.12.2021 поднела две тужби до Основен суд Кавадарци, при што приложила иста уплатница за платена судска такса. Покрај ова, пријавената на 11.04.2022 поднела документи за тужба до Основен суд Кавадарци, по што тужбата била повлечена, а на 19.04.2022 поднела нова тужба за истиот предмет и со неа ја поднела уплатницата за уплатена судска такса, која претходно ја приложила на 11.04.2022 година. Исто така, пријавената, на 29.04.2022 до Основен суд Кавадарци поднела тужба во име на С.П. со невистинити податоци, при што во налогот од уплатницата користела матичен број од лице кое починало на 13.03.2022.„ се наведува во денешниот билтен на МВР.