МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Предраг Самарџиски иако под договор сепак ке си замине од Кавадарци

Се поевидентно е дека КК ЕуроНикел ќе влезе во новата натпреварувачка сезона со намален буџет. Тоа и можеше а се претпостави откако кавадаречкиот клуб донесе одлука да ја повлече апликацијата за влез во АБА2 лигата иако и минатата а и оваа сезона Еуроникел не ја криеше желбата за квалитетни меѓународни настапи. Првите информации сезонава говореа дека Еуро Никел сигурно ќе го прифати мешународниот предизвик, но потоа ветриштата дувнаа во спротивен правец па кавадарчани ги известија челниците на АБА дека нема да бидат дел од ова натпреварување. Според пишувањата по медиумите причините се финансиски, па во услови на економска криза Еуро Никел ќе настојува да ги намали трошоците, а на врвот на листата е токму меѓународното натпреварување во кое требаше да се учествува. Според непотврдени информации кратењето на буџетот нема да биде премногу големо и се очекува тренерот Самарџиев сепак да состави конкурентен тим за влез во Супер-лигата и место во плејофот. Во таа борба кавадарчани нема да сметаат на Предраг Самарџиски кој иако имаше договор на уште една година во услови на кратење на буџетот решил да го напушти Еуро Никел. Проблем плус за тренерот Самарџиев е што Лука Стојановски, кој потпиша пред крајот на минатата сезона, има незгодна повреда на рамото и ќе го пропушти стартот на новата сезона.

М.В.