МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„На 28.09.2022 од страна на полициски службеници од СВР Велес - ОВР Кавадарци во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, по преземени оперативни мерки и активности била лишена од слобода М.Б.(51) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ по чл. 123 од Кривичниот законик.Имено, на 06.09.2022 осомничената била во домот на И.М.(70) во Кавадарци, со кого била во љубовна врска, и по вербална расправија, настанала меѓусебна физичка пресметка, во која осомничената со остар предмет му нанела повреди на И.М., а потоа истурила запалива течност врз телото, го запалила и го напуштила местото.По преземени мерки и активности по наредба од Основен суд Кавадарци извршени се претреси во домот на осомничената, при што се пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, а при извршен службен разговор, таа делото го појаснила во целост.Од ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци против М.Б. е поднесена кривична пријава, а од страна на судија од Основен суд Кавадарци одредена ѝ е мерка притвор во времетраење од 30 дена.„ се наведува во денешниит извештај на МВР.

Информацијата со оопштение до јавноста е потврдена и од Основниот суд Кавадарци:

„Основен суд Кавадарци известува дека денес 29.09.2022 година од страна на судија на претходна постапка е определена мерката притвор спрема осомничената М.Б од Кавадарци за кривични дело Убиство од чл.123 ст.2 т.2 вв ст.1 од КЗ, а во врска со кривично правниот настан кој се случи на 06.09.2022 година во Кавдарци, во кој беше лишен од живот лицето Илија Милошевски со повеќе убоди со нож по целото тело, а потоа и запален.“- се наведува во соопштението до јавноста.