ДРЕКСЛМАЈЕР донираше висококвалитетна заштитна медицинска опрема за Општата болница во Кавадарци и за Јавните здравствени установи во Велес.
– „Комплетна заштитна медицинска опрема за потребите на персоналот во болницата во Кавадарци и за Јавните здравствени установи во Велес донираше компанијата Дрекслмајер. Мината недела со скафандери, медицински маски, заштитни очила, ракавици, капи и навлаки за нозе, беше поддржана болницата во Кавадарци, а во текот на вчерашниот ден овој вид на опрема беше дониран и на Општинскиот кризен штаб во Велес. Понатаму заштитната опрема ќе биде соодветно распределена на Јавните здравствени установи во градот. „Се соочуваме со глобална здравствена криза од која никој не е поштеден. Заштитната медицинска опрема во овој момент е најпотребна на оние кои секојдневно се во првите редови и се грижат за здравјето на граѓаните. На овој начин сакаме да ги поддржиме здравствените работници и да го дадеме својот придонес во заштитата на јавното здравје“, истакна Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер во Кавадарци. Дрекслмајер е долгорочен партнер на здравствение институции во регионот, а во изминатите неколку години на овие установи беше донирана медицинска апаратура и возила според потребите на болниците, „
се наведува во соопштението од Дрекслмајер Кавадарци.
м.д,