МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Кривични дела против животот и телото“ на Симона Манчева и „Невидиливост на присуството“ на Зорица Зафировска настанаа како дел од програмата Уметност Институција Политика Тело/УПИТ на Локомотива со која се поддржува истражувачкиот уметнички процес на овие две уметници во текот на една година. Во рамки на оваа програма Локомотива се бави со критички промислувања во уметничкото поле, и социо-политичките економските, еколошките и другите влијанија на и во него. Со таа цел, отвора заеднички процеси со културните работници и уметниците и дава простор за промислување, делување и творење. Уметничките имаа можност да го прошират своeто истражување и да го формулираат во свои дела кои ќе се изложат на 11.11.2022 во Музеј галерија Кавадарци.Симона Манчева својата идеја за ова дело ја развиваше и во рамки на едукативната програма „Курирање во контекст“ 2021г. во организација на Локомотива, како и самостојно, додека Зорица Зафировска ова истражување го надоврза на веќе постоечкиот процесен (durational) истражувачки проект кој го претстави во рамки на АКТ проектот и програмата на Локомотива во време на пандемијата во рамки на социјалните мрежи. Спојувањето на овие уметнички дела е тематско, но и во уметничките постапки кои се политичко- уметнички, односно двете уметнички истражуваат и рефлектираат во јавниот простор, за и околу теми поврзани со пост-хуманото, односно дестабилизирањето на екосистемите, капиталосцената и нејзиното влијание на животната средина, екстрактивирачките процеси и нивното влијание на животот на луѓето и другите битија, како и грижата, заедницата и обединувачките процеси во креирање на нови социјални имагинарии. Двете истражуваат и ги архивираат одредените процеси каде се бават со овие теми и преку објекти, перформанс и инсталации ги изложуваат во јавен и галериски простор. На 10 -ти ноември, 2022, во 18.00 часот ќе се одвива перформансот на Симона Манчева во јавен простор, односно во реката "Луда Мара" во Кавадарци, каде Симона ќе постави четири скулптури направени од различни материјали (метална арматура, жици, кабли, редимејд предмети, коноп, рециклирана хартија, јаглен итн.) и ќе интервенира на нив. На 11-ти Ноември, 2022 во 18:30ч во Музејот Галерија Кавадарци - Отворање на изложба Симона Манчева ќе ги изложи во Музејот Галерија Кавадарци скулптурите кои ќе бидат поставени во јавниот простор во реката во Кавадарци претходниот ден. Во рамки на ова изложување во музејот, Симона ќе има и 20 мин перформанс. Зорица Зафировска ќе го претстави новото дело, видеото „Невидливост на присуството“ како диптих, - инсталација, - заедно со првиот запис „Порасни ме, навади ме, погали ме”. Во првиот видео-документ „Порасни ме, навади ме, погали ме” Зорица ја забележува брзата урбанизација на градот и зголемената потребата за враќање на грижата за јавните зелени површини, додека како контрапункт на тој процес се јавува новото истражување и запис „Невидиливост на присуството“ каде се забележува грижата и негрижата на пределите кои се далеку од урбанизацијата, и каде се практикуваат методи и знаења со кои се реосознава средината во која живееме ние со другите битија. За време на изложувањето тие ќе имаат и дијалог кој симболички ќе ја претстават непојавноста на дијалогот за и околу овие теми во јавноста, а исто така ќе го образложат процесот на истражување и творење.