МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Диме Коцевски го најавува најновиот театарски хит на кавадаречкиот театар, комедијата „Стјуардеси“ по текст на францускиот комедиограф Марк Камолети.

Новата премиера ја подготува проверена екипа која го носеше „товарот“, но и хуморот во веќе култните „Иц`то и Јул`то“, „ЦСИ ПД“, „Газда Страшо“ и „Лазо“, но и со неколку нови ликови и специјални гости.Вообичаено, покрај една од носечките улоги, Диме Коцевски е задолжен за адаптацијата која секако ќе го донесе и препознатливиот кавадаречки хумор, но и за режијата на претставата со која ќе биде одбележана долгогодишната соработка со професорот Костадин Прокопов.„Претставата освен за публиката, ја правиме во чест на професорот Костадин Прокопов, и истата е едно едно скромно одбележување на неговата долгогодишна соработка со кавадаречкиот театар и како глумец, но и како човек кој долги години помага во регрутирање на млади таленти, аматери - глумци од гимназијата кои се неизбежен дел од секоја претстава“ - рече меѓу другото Диме Коцевски, режисер на „Стјуардеси“ и актер при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“.Поддршка за сите оние кои се вклучени во реализацијата на новиот проект кој се очекува повторно да ги руши рекордите на гледаност стигнува од секаде, а една од најзначајните е и од директорот на кавадаречкиот Дом на култура. „Иако претставата „Стјуардеси“ не е дел од овогодинешната програма на Домот на културата, сепак директорот Владимир Темков имаше големо разбирање и само после еден разговор со него претставата почна да се подготвува“ - дополнува Коцевски.Во продолжение, Коцевски зборуваше и за театарската екипа, која и овој пат е спој на младост и искуство, па покрај стандардните Станоев, Ѓорѓиева и Прокопов, на „штиците што живот значат“ ќе дебитираат неколку нови ликови. „Како и секогаш имаме спој на младост и искуство, па освен мене и Костадин Прокопов, во претставата играат и еден од највпечатливите глумци во последните неколку години, Видан Станоев, Валентина Ѓорѓиева која исто така редовно е дел од кавадаречкиот театар во последните неколку проекти, додека за прв пат на сцена ќе ги видиме Александра Колева и Ребека Малиминовска“ - завршува Коцевски, кој најавува и неколку изненадувања кои ќе се чуваат во најстрога тајност.Се очекува комедијата „Стјуардеси“ да биде премиерно претставена пред кавадаречката јавност во првата половина од месец март.