МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев денеска ја дочека и ја запозна со економскиот потенцијал и културата на градот, амбасадорката на Швајцарија Н.Е. Сибил Зутер Техада.Тие го разгледаа Музејот на виното во Градскиот парк и притоа високата гостинка од пријателска Швајцарија беше запознаена со традицијата на производвото на вино и производи од грозје во овој крај.

Истовремено денеска по повод Светскиот ден на детето и хуманитарната димензија , финишира проектот “Мозаик инсталација„, кој по Виница се одржа и во Кавадарци а ја организира Здружението „Добредојде Македонија“.Во инсталацијата активно учествуваа уметници со Симона Манчева-ликовен уметник и деца кои беа активни во изведба на моизаик инсталација во дворот на Музејот.

За самиот проект говореа Емилија Миладинова од ова Здружение, а на присутните им се обратија градоначалникот Јанчев и амбасадорката-Зутер Техада.

193913150_496092518178185_3858375932552619530_n (1) 194192946_539951753679659_8592694214999840389_n 193355279_994310811108668_6144813479456132175_n 193954785_2577744485704900_7192255065360070336_n